Даниела Стојанова Зафирова  педагог  во  ООУ „Рајко Жинзифов“ Г.Оризари,Велес.

 

Педагогија завршив на Филозофски факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Да се биде педагог е голем благодет, голема среќа и голем предизвик, затоа што работата со децата е прекрана,возбудлива и интересна секој ден.

Учениците се фактор кој низ воспитно образовниот процес се развиваат во зрели личности, личности способни да се прилагодат на општеството и на сите предизвици кои следат во текот на животот.

Својот професионален и кариерен развој го започнав како педагог во ООУ„Петре Поп Арсов“ Богомила,Чашка,2015 година –  2018 година.

Од 2019 година – 2024 година работев како педагог во Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Јавна установа меѓуопштиниски центар за социјална работа  Штип.

Од 2024 год работам како педагог во нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“Г.Оризари, Велес. Во училиштето се реализираат голем број на активности, учествуваме на конкурси, натпревари, манифестации, настани. Работиме преку стручни активи, развојни подрачја, училишни организации како и проекти кои се наш голем предизвик.

Продолжуваме со работа, отворени сме за соработка и нови предизвици затоа што сите заедно настојуваме да создадеме една добра и пријатна атмосфера за работа да создадеме позитвна клима која ќе биде поттик и стимул за учениците.

Педагогот е пријател на учениците,да ги сослуша,советува и помага кога имаат потреба.