Квиз по повод празникот Рамазан Бајрам

Денес во нашето училиште беше реализиран интересен и едукативен квиз во апликацијата Kahoot на тема Рамазан и Рамазански Бајрам. Во квизот учествуваа ученици од 4 до 7 одделение кои преку игра и натпревар го покажаа своето знаење за значењето на месецот Рамазан и вредностите што тој ги носи. Квизот помина во убава атмосфера, со многу … Read more

Денес (17.03.2026 година) во нашето училиште имавме особено убав и значаен настан – работилница за ликовно изразување со учениците од 1 до 5 одд, по повод испраќањето на месецот Рамазан и дочекот на Рамазан Бајрам. Нашите најмали ученици преку бои, цртежи и нивната искрена детска имагинација покажаа како тие го доживуваат Рамазан и Рамазан Бајрам. … Read more

Реализирана хуманитарна акција

Хуманитарна акција – „Капка добрина – море милост“ По повод месецот Рамазан, во нашето училиште беше реализирана хуманитарната акција „Капка добрина – море милост“, со цел собирање парични средства за помош на социјално загрозени семејства. Собраните средства ги предадовме на здружението Glas Orizara , кое ќе ни помогне тие да бидат распределени таму каде што … Read more

Ликовна работилница по повод празникот Рамазан Бајрам

Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, со учениците од 9-то одделение се реализира ликовна работилница. Изработија ликовни творби инспирирани од симболиката на Бајрам, користејќи темперна техника на гипсен модел. Преку боја, форма и орнаментика тие ја изразија празничната атмосфера. Работилницата се реализираше под менторство на наставничката Сара Бочваров.

Натпревар по англиски јазик

На ден 14.03.2026 во просториите на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се одржа Општинскиот натпревар по англиски јазик, каде нашите млади англисти Асија Реч, Семир Кицара и Динел Маслак достоинствено го претставија нашето училиште. Ученикот Динел Маслак од VIII одделение постигна забележителен успех освојувајќи III награда. Со овој одличен резултат, Динел се квалификуваше и продолжува … Read more

Посета на Собранието на Р.С. Македонија

Денес со ученици од 7 и 8 одделение го посетивме Собранието на Р. С. Македонија (претставничкиот дом на граѓаните на нашата држава и законодавната власт). Учениците имаа можност да видат дел од салите и просториите на нашето собрание. Одговорни наставници Македонка Арсовска и Анита Коцевска.

По повод празникот на жената 8 март учениците од одделенска настава со пригодна свечена програма од песни ритмика и стихотворби го одбележаа денот носејќи насмевки и радост на присутните родители, гости и вработени.

8 МАРТ – МЕЃУНАРОДEН ДЕН НА ЖЕНАТА

Во пресрет на 8ми Март – Меѓународниот ден на жената Ученичкиот парламент, Правобранителот и педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова одржаа работилница за ,,8 МАРТ – МЕЃУНАРОДEН ДЕН НА ЖЕНАТА”. Презентацијата ја изработи Претседателот на Ученичкиот парламент Едина Цамовиќ. Учениците Емир Лековиќ и Тарик Кицара ја презентираа презентацијата.Членовите со многу љубов и креативност изработија честитки … Read more

Натпревар по природни науки

На натпреварот по природни науки кој се одржа онлајн во нашето училиште, ученичката Амина Кицара од 6одд. освои пофалница и се пласира на регионалниот натпревар. Честитки Ментор Анита Коцевска.

Осмомартовски базар

По повод Денот на жената празникот 8март нашето училиште учествуваше на осмомартовски базар, организиран од страна на Општина Велес со своерачно изработени честитки, цветови од оригами од страна на наставничките и учениците од I до IX одд. Одговорни наставнички Ана Јанушева и Весна Јанковска.