Општествено-хуманитарна работа

Денес во нашето училиште со учениците од 7 одделение се одржа активност во рамките на општествено- хуманитарна работа. Учениците со кофички за наводнување ги наводнуваа цвеќињата во ходниците на нашето училиште, потоа со фарбање на клупите во училишниот двор ја разубавуваа околината. Преку оваа активност научија за важноста на граѓанската одговорност и моќта на заедничката … Read more

Садење на цвеќе во пресрет на пролетта

Доаѓањето на пролетта во нашето училиште учениците од V одд. со наставничките Ана Јанушева и Анита Коцевска го одбележаа со разубавување на природата и училишниот двор преку садење на пролетни садници.

22 нарт – Ден на водата

По повод 22 март кога го прославуваме Светскиот ден на водите, учениците од V одд. со наставничките Ана Јанушева и Анита Коцевска проследија презентација за важноста на водата и изработија цртежи со пораки за тоа како да го заштитиме овој скапоцен извор и изработија капки вода од балони.

22 март – Ден на водата

По повод одбележувањето на Светскиот ден на водата – 22 март, учениците од трето одделение со наставничката Сања Јорданова-Николова реализираа активност за важноста на водата и нејзиното значење во секојдневието.

Работилница по повод доаѓање на пролетта

Со насмевки и многу креативност учениците од 4 и 2 одделение ја пречекаа пролетта Вредните рачиња изработија прекрасни пролетни венчиња и цртежи полни со боја, радост и детски насмевки. Одговорни наставници:Весна Јанковска и Весна Сиљанова.

„Денови на математиката“

По повод Меѓународниот ден на математиката и одбележувањето на Денот на бројот Пи (14 март), во просториите на ООУ „Блаже Конески“ – Велес се одржа завршниот настан „Денови на математиката“, во организација на Сојузот на математичари на град Велес. На настанот учество зедоа ученици од сите основни и средни училишта, кои преку внимателно изработени трудови, … Read more

Натпревар Кенгур

Како и секоја година така и годинава во нашето училиште се организираше математичко-логичкиот натпревар КЕНГУР, во кој учествуваа ученици од I – IX одд. Им посакуваме среќа на сите ученици Одговорни наставници: Александра Здравкова и Весна Јанковска.

Свеченост по повод Рамазан Бајрам

Во нашето училиште се одржа свеченост по повод Рамазан Бајрам. Во убава и радосна атмосфера, на сите ученици од 1 до 9 одделение им беа поделени бајрамски пакетчиња, што дополнително го разубави овој посебен ден. На присутните им се обрати и директорката на училиштето Амра Хоџиќ, која се заблагодари за донацијата и поклоните и на … Read more

Награди од конкурс на ООУ „Васил Главинов“

Посебно сме горди за успехот на нашите ученици кои освоија награди на литературниот, ликовниот и дигиталниот конкурс распишан од ООУ „Васил Главинов“ – Велес на тема „Магијата е во добрината“, по повод патрониот празник на училиштето. Учениците повторно покажаа дека талентот, трудот и посветеноста носат прекрасни резултати. Овие награди се доказ дека како училиште носиме … Read more