Во пресрет на 8ми Март – Меѓународниот ден на жената Ученичкиот парламент, Правобранителот и педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова одржаа работилница за ,,8 МАРТ – МЕЃУНАРОДEН ДЕН НА ЖЕНАТА”.
Презентацијата ја изработи Претседателот на Ученичкиот парламент Едина Цамовиќ. Учениците Емир Лековиќ и Тарик Кицара ја презентираа презентацијата.Членовите со многу љубов и креативност изработија честитки со пораки кои ќе бидат поделени како мал знак на внимание, почит и благодарност.
Затоа што секоја жена заслужува да биде ценета и почитувана, не само денес, туку секој ден.
Координатор Педагог Даниела Стојанова Зафирова.



