Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, со учениците од 9-то одделение се реализира ликовна работилница.
Изработија ликовни творби инспирирани од симболиката на Бајрам, користејќи темперна техника на гипсен модел. Преку боја, форма и орнаментика тие ја изразија празничната атмосфера.
Работилницата се реализираше под менторство на наставничката Сара Бочваров.





