Посета од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” – Велес

Денес во 9одд. на часот по Иновации не посетија професори и ученици од машинска и електротехничка струка од ССОУ Коле Неделковски од Велес и презентираа дел од нивните изработки. Им благодариме. Предметен наставник Есма Калач.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари се одржа работилница со 9 одд. на која се говореше за мајчиниот јазик кој претставува темел на културните и националните идентитети. Тој е носител на вредностите, традициите и историските искуства. Мајчиниот јазик поврзува, обединува и помага да се пренесуваат традициите на идните генерации. Негувањето и … Read more

21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари учениците од 2,3,4 и 5 одд. и учениците во престој со нивните наставнички Весна Сиљанова, Сања Јорданова – Николова, Весна Јанковска, Ана Јанушева и Фарие Мемедова реализираа повеќе активности: -2 одд.- ликовна работилница; -3 одд.- читање босански бајки и басни со специфични босански стари … Read more

Во пресрет на месецот Рамазан

Во духот на Рамазан, нашиот час помина во топла и радосна атмосфера. Учениците од прво одделение заедно со наставничката Зилха Биберовиќ со големо задоволство разговараа за Рамазан и рамазанскиот пост, покажувајќи разбирање за значењето на овој месец. По разговорот, со посебна радост и вредност пристапија кон работата на часот – цртаа и боеја мотиви што … Read more

Хуманитарна акција

По повод месецот Рамазан, нашето училиште организира хуманитарна акција за собирање парични средства со цел да помогнеме на социјално загрозени семејства од нашата заедница. Секој прилог, без разлика на износот, претставува чекор кон поголема солидарност и човечност. Да покажеме дека заедно можеме да направиме вистинска разлика.

Доделување благодарници

Со особена чест им доделивме благодарници на сите ученици, наставници и соработници кои учествуваа во приредбата по повод патрониот празник на нашето училиште Рајко Жинзифов.. Вашата посветеност, креативност и заеднички труд придонесоа свеченоста да биде достоинствена и незаборавна. Ви благодариме што со љубов го одбележавме овој значаен ден!

17 февруари – Денот на добрината.

На денешниот час по Етика и морал во присуство на педагогот Даниела Стојанова Зафирова, учениците од VII одд. го одбележаа 17 февруари Денот на добрината. Преку презентација се запознаа со принципите на добрината и дадоа свои мислења за добрината. Одговорен наставник Македонка Арсовска.

Доделување на награди

Денес беа доделени наградите за распишаниот литературен, ликовен и конкурс за дигитална креативност по повод патрониот празник на нашето училиште на тема „Цената на печалбарскиот живот“. Им честитаме на сите наградени и им благодариме на сите кои учествуваа со своите творби!