,,Повеќенасочник со 10 имиња”

Уште една Вело активност од Вело Училишта. Денес со учениците од V одделение се реализира забавна и едукативна активност –,,Повеќенасочник со 10 имиња”- на делови од велосипед. Учениците поделени во неколку групи се натпреваруваа кој нсјбрзо ќе ги пронајде сите 10 поими. Одговорен наставник: Есма Калач.

ВЕЛО активност: ,,Велосипедски делови”

Учениците од VI и IX одделение работеа во мешан состав на вело активност „Делови на велосипед“. Требаше да ги поврзат броевите од сликата со соодветните броеви во табелата. Победија оние кои препознаа најмногу делови за одредено време. Одговорен наставник: Есма Калач.

„Повеќенасочник со имиња на велосипедска облека“

Денес реализиравме уште една активност од Вело Училишта – „Повеќенасочник со имиња на велосипедска облека“ Учениците од мешани одделенија учествуваа во забавна и едукативна вело активност – „Повеќенасочник со имиња на велосипедска облека“. Поделени во групи, тие во рок од 10 минути бараа што повеќе поими поврзани со велосипедската опрема. Активноста поттикна тимска работа, внимание … Read more

,,Повеќенасочник со 20 имиња”

Активност од „Вело училишта“ Учениците од V до IX одделение денес учествуваа во забавна и едукативна активност –,,Повеќенасочник со 20 имиња”- на делови од велосипед. Со вклучена штоперица, натпреварот доби и спортски дух – кој ќе ги пронајде најбрзо сите зборови! Учениците уживаа во дружбата и научија многу нови поими поврзани со велосипедите. Одговорен наставник: … Read more

Безбедно возење велосипед

Денес имавме работилница на која споделувавме информации за безбедно возење велосипед. Споделивме искуства и ги анализиравме правилата за безбедно возење. Учениците веќе ги познаваат дел од правилата за безбедно возење велосипед ама научивме и нешто ново. Секогаш е задоволство да се научи нешто ново што ќе го применуваме во сообраќајот. Одговорен наставник: Сања Јорданова – … Read more

Дизајнирај ја својата заштитна кацига или маица за возење на велосипед

Денес учениците од V одд. со наставничката Ана Јанушева во рамките на проектот ,,Вело училиште за месец октомври” ја спроведоа активноста ,,Дизајнирај ја својата заштитна кацига или маица за возење на велосипед”. Со оваа активност секој ученик ја изразува својата креативност преку свој уникатен дизајн за заштитна кацига или маица.

Кодекс за одговорен велосипедист

Ден на потпишување Кодекс за одговорен велосипедист,во рамките на Проектот „Вело училиште за месец октомври “ Денес, учениците од четврто до деветто одделение со големо задоволство потпишаа Кодекс за одговорен велосипедист и пополнија формулари за нивната лична одговорност при возење велосипед. Покрај тоа, сите ги споделија најинтересните моменти од своите велосипедски авантури – од храбри … Read more

ВЕЛО активноста „Велосипед“

Учениците од прво одделение ја реализираа ВЕЛО активноста „Велосипед“ преку уметничко изразување – сликање велосипед. Со многу бои и имагинација, секој велосипед стана посебен. Нашите мали првачиња уживаа боејќи ги своите велосипеди на хартија. Преку ликовната активност, учениците ја развија својата имагинација, креативност и прецизност во својата работа. Низ разговор, тие научија дека возењето велосипед … Read more