Работилница ,,Велосипедско здравје ”

Ученичкиот парламент и правобранителот денес одржаа работилница ,,Велосипедско здравје ”. Оваа активност е од Вело Училишта каде членовите заедно со педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова решаваа две активности за правилно дишење кога се вози велосипед.

Светски ден на јаболкото

Денес го одбележавме Светскиот ден на јаболкото! Учевме интересни и корисни информации за јаболките – каде растат, како изгледаат, кога зреат и кои се нивните здравствени придобивки. На ужинка дегустиравме сочни јаболка, а за домашна задача учениците добија да истражат уште неколку интересни факти за јаболките. Одговорен наставник: Зилха Биберовиќ

3 место на „Вело училиште на месецот“

Резултатите од септемврискиот повик „Вело училиште на месецот“ се објавени! Нашето училиште освои 3 место на државно ниво. Честитки за сите што активно се вклучија и реализираа Вело активности.

14 Октомври – Ден на е-отпадот

По повод одбележувањето на Денот на е-отпадот 14 октомври во нашето училиште се спроведе акција за собирање на електронски отпад,а воедно учениците од I до V одд.проследија презентација за е-отпадот и значењето на рециклирање на истиот за зачувување на поздрава животна средина.

Заклетва на првачиња

Детска недела, заклетва на првачињата и прием во детската организација. Оваа недела во нашето училиште ја одбележуваме Детската недела – време посветено на радоста, играта и детските права. Нашите првачиња свечено ја положија заклетвата и беа примени во детската организација, станувајќи рамноправни членови на училишната заедница. Нивните насмевки и горди погледи нè потсетија колку е … Read more

„Детето денес иднината утре“

Детската недела ја продолживме во спортски дух под мотото „Детето денес иднината утре“. Со насмевки, енергија и фер-игра нашите ученици покажаа дека здравиот дух создава силна иднина! Активностите ги подготвија наставничките Анѓела Миладинова и Сања Јорданова-Николова.

Презентација за детските права

По повод одбележувањето на Детската недела, учениците од V одд.со наставничката Ана Јанушева проследија презентација за детските права при што ги продлабочија своите знаења за Конвенцијата за детските права кои ги има секое дете без разлика на полот, бојата на кожата, националноста и религијата.