Литературен конкурс на англиски јазик

По повод Денот на училиштето на ССОУ ,,Димитрија Чуповски” на литературниот конкурс по англиски јазик, на тема “Language is not a wall that separates, but a bridge that connects”, нашата ученичка од 9 одд. Енеса Ајра освои I место Честитки Ментор: Маја Гемишова Таневска.

20 ноември-Светскиот ден на децата

Работилница – формирање на убави реченици и мисли за децата од дадени букви – креативно и едукативно го одбележуваме 20 ноември-Светскиот ден на децата со ученици од IV одделение. Одделенски наставник-Весна Јанковска.

20 ноември денот на детето

Ученичкиот парламент и правобранителот денес одржаа состанок за ,,20 ноември денот на детето”. Членовите заедно со педагогот на училиштето имаа работилница и дискутираа за овој ден.

Математичката работилница „Градиме мостови“

Денес присуствувавме на математичката работилница „Градиме мостови“, организирана од наставничката Мелита Неделчева во ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес. Преку заедничко решавање, размена на идеи и тимска работа, учениците ги применија своите математички знаења, а интеракцијата меѓу училиштата придонесе за позитивна атмосфера, почит и соработка.

Во чест на 58 Рацинови средби

По повод 58 Рацинови средби денес наставници и ученици од нашето училиште положија цвеќе пред споменикот на Кочо Рацин и на Спомен-Костурница, оддавајќи почит на неговото дело и придонес во македонската литература и култура. Одговорни наставници: Есма Калач и Валерија Шојлевска.

Награда за најдобрите ученици и ментори на Општина Велес

Честитки за нашата вредна и талентирана ученичка Алмедина Кицара која доби признание од Општина Велес за постигнат успех на државен натпревар – втора награда по биологија. Браво Алмедина продолжи по патот на успеси и награди Ментор Анита Коцевска.

Активност за 58. Детски Рацинови средби

Денес во рамките на 58 Детски Рацинови средби, учениците од осмо и деветто одделение имаа можност да псисуствуваат на историски час и музичко – поетски колаж во ООУ Св. ,,Кирил и Методиј’’- Велес, каде што учел Коста Солев Рацин. Одговорен наставник: Валерија Шојлевска.

Вело забава „Шарени кругови“

Реализирана уште една Вело активност: Вело забава „Шарени кругови“ Кругови, насмевки и ветер во коса! Прво возиме со една рака за храброст и рамнотежа, па потоа со две за сигурност и радост. Некои делови и со заврзани очи, со помош од другар доверба на дело! Секој „тапнува“ друг и кругот на забава продолжува. Не победува … Read more

Реализирани 3 ВЕЛО активности

Денес учениците од 5 до 9одд. реализираа три интересни ВЕЛО активности од Вело Училишта, со своите велосипеди на спортскиот терен. Во првата активност: „Подигнување на шише“ вежбаа рамнотежа и прецизност. Во втората „Разнесувач на весници“ комбинираа возење со брзина и точност при доставување. Третата активност „Избегнување на препреки“ ги поттикна на внимателност и координација при … Read more