Благодарница од Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес

Благодарница за успешната и континуирана соработка на ООУ „Рајко Жинзифов“ – Г.Оризари, Велес со Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес е уште една за нас многу значајна потврда за заедничката заложба во поттикнувањето на љубовта кон книгата, знаењето и културата кај учениците. Благодарни сме за поддршката и соработката и со радост продолжуваме по истиот пат.

Промоцијата на Поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ

Денес на промоцијата на Поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ учествуваа и учениците од ООУ Рајко Жинзифов читајќи ги стиховите од збирките ,,Камени пут” и ,,Путник свог неба” со голема посветеност и емоција. Книжевното творештво на Сузана Сојтари е мост меѓу минатото и сегашноста, меѓу традицијата и современоста. Благодариме на поканата и ни беше … Read more

,,Животот и делото на Рајко Жинзифов”

По повод Патрониот празник на училиштето денес учениците од Ученичкиот парламент, Правобранителот и педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова одржаа работилница за ,,Животот и делото на Рајко Жинзифов”. Презентацијата ја изработи и ја презентираше Претседателот на Ученичкиот парламент Едина Цамовиќ. Ученикот Кадир Карталовиќ прочита есеј за животот на Рајко Жинзифов.Членовите изработија бура на идеи за … Read more

Општинскиот натпревар по математика

На Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 30.01.2026 учествуваа ученици од нашето училиште. Тие ги применија своите математички знаења, логичко размислување и посветеност при решавањето на задачите. Им упатуваме честитки на сите ученици за вложениот труд, интерес и упорност и им посакуваме понатамошни успеси и натпреварувачки резултати. Честигки за ученичките Амина Кицара и … Read more

Државен натпревар во информатичко размислување.

Упатуваме искрена благодарност до здружението New Corner за подарокот smart bracelet доделен на Дерија Шатара од 6 одд. за освоената 1 награда на државниот натпревар во информатичко размислување. Вашата поддршка претставува мотивација за понатамошни успеси и афирмација на знаењето. Ментор: Есма Калач.

Работилница – „Другарство“

Денес учениците од Ученичкиот парламент, Правобранителот и педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова одржаа работилница за ,,Другарство”. Презентацијата за другарство ја изработи и ја презентираше ученичката Сара Кајтази. Правобранителот Тарик Кицара го презентираше извештајот од работата на Ученичкиот Правобранител во првото полугодие за учебната 2025/2026 година.Учениците од III,IV и V одделение изработија цртежи за другарство … Read more

Добивка на грант од 60.000 денари

Со големо задоволство споделуваме дека нашето училиште доби грант од 60.000 денари за реализација на МИО проект, во партнерство со ООУ ,,Блаже Конески” – Велес. Проектот има за цел да поттикне меѓусебно разбирање, почитување на различностите и зајакнување на соработката меѓу учениците од различни етнички заедници, преку заеднички активности, учење и дружење. Со нетрпение очекуваме … Read more

Промоција на книга

Денес бевме поканети на промоција на најновата стихозбирка „Љубовта е животен развој “ од Божидар Јовиќ. Свое видување кон поезијата и стихозбирката даде промоторот Лили Арсова. Ја проследивме и презентацијата за 46 години творештво на Јовиќ. Песни од стихозбирката читаа ученици од основните и средните училишта од Велес.

Oнлајн натпревар по информатичко размислување во организација на едукативниот центар “New Corner”

Се гордееме со успехот на нашите ученици кои освоија награди на најголемиот онлајн натпревар по информатичко размислување во организација на едукативниот центар “New Corner”. Им честитаме за постигнатите резултати и им посакуваме многу успех на Интренационалниот натпревар во март. Ментор: Есма Калач Наградени ученици: -Дерија Шатара -6одд -I награда – освоено 112 од 120 бодови … Read more