Литературниот конкурс на тема:,,Мајката на Рацин – тивка сила за гласен збор’’
По повод патрониот празник на СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин’’ нашите ученички Енеса Ајра и Аиша Дациќ учествуваа на литературниот конкурс на тема:,,Мајката на Рацин – тивка сила за гласен збор’’. Ученичката Енеса Ајра освои трета награда, а Аиша Дациќ пофалница. Честитки. Ментор: Анита Мечкаровска.
Рециклирање на текстилен отпад
ООУ „Рајко Жинзифов“ – Г. Оризари, Велес активно се вклучува во промоцијата на еколошката свест и одговорното однесување кон животната средина. Во рамки на оваа иницијатива, Општина Велес обезбеди контејнер за собирање текстилен отпад, кој е поставен во училиштето.
Литературно-историскиот час на тема „Љубовта и човечноста
Со голема чест и искрено задоволство присуствувавме на литературно-историскиот час на тема „Љубовта и човечноста – светилки во темнината“, реализиран како дел од активностите на ООУ „Блаже Конески“ по повод нивниот патронен празник. Нашето училиште го претставија учениците Амин Мустајбашиќ и Најла Карталовиќ од VIII одделение, кои со своите искрени пораки се запишаа во дневникот … Read more
Унапредување на училишната инфраструктура.
Со цел создавање побезбедна, поубава и посовремена училишна средина, во нашето училиште се реализирани значајни активности насочени кон унапредување на училишната инфраструктура. – Извршена е целосна замена на сите врати – како на училниците, така и на сите влезови во училиштето. – Училниците од I до V одделение добија освежени ѕидови, со темелна санација на … Read more
Работилница и предавање за ,,Врсничко насилство”
Денес учениците од Ученичкиот парламент, правобранителот и педагогот на училиштето Даниела Стојанова Зафирова одржаа работилница и предавање за ,,Врсничко насилство”. Прзентацијата за врсничко насилство ја презентираа учениците Сара Кајтази и Тарик Кицара. Секој ученик прочита по еден дел од флаерот за врсничко насилство. На крај од состанокот членовите изработија постер СТОП за насилство. Координатор: Педагог … Read more
3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од 6 одд. со наставничката по англиски јазик Маја Гемишова Таневска изработија хамер со пораки за поддршка, прифаќање и еднаквост. Со оваа активност потсетуваме дека секој ученик е важен и дека заедно градиме училиште со отворено срце за сите.
3 Декември – Светски ден на лицата со попреченост
Учениците од нашето училиште земаа активно учество на Меѓународната ликовна работилница која се одржа на 03.12.2025 година во ОУРЦ „Маца Г. Овчарова“ – Велес, по повод „3 Декември – Светски ден на лицата со попреченост“. Под менторство на наставникот по ликовно образование Сара Бочваров, учениците Најла Карталовиќ и Сеида Шабановиќ твореа на тема „Македонско културно … Read more
Работилницата ,,Јас и ти сме различни, но заедно сме посилни”
На 02.12.2025 година ученици од 6 и 7 одделение од нашето училиште беа дел од работилницата ,,Јас и ти сме различни, но заедно сме посилни” организирана од ООУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Велес. Работилницата беше насочена кон поттикнување на меѓуетничката интеграција, меѓусебно разбирање и тимска соработка. Одговорен наставник: Македонка Арсовска.