Временска капсула

Денес во нашето училиште создадовме нешто посебно – направивме временска капсула. Во неа внимателно ги вложивме нашите пораки, фотографии, соништа и спомени кои зборуваат за тоа кои сме денес, што учиме, што нè радува и кон што се стремиме. Оваа капсула не е само кутија со предмети. Таа е сведок на едно време – на … Read more

Положување цвеќе

Денес, во знак на почит и благодарност, положивме цвеќе пред бистата на нашиот патрон. Со сеќавање на неговиот лик и дело ги негуваме вредностите што се темел на нашата работа и воспитно-образовниот процес со новите генерации. Нека неговото наследство и понатаму нè инспирира кон знаење, одговорност и заедништво.

Спортски активности по повод патрониот празник на училиштето

Како дел од патроните активности денес се одржа настап на cheerleaders, полигон со ученици од 1, 2, 3, 4 и 5 одделение, фудбалски турнир помеѓу 5 и 6 одделение и натпревар во пинг-понг, исполнети со многу насмевки, радост, спортски дух и позитивна енергија. Одговорени наставници: Анѓела Миладинова и Виктор Миланов.

Квиз на знаење по повод патрониот празник

Во склоп на патроните активности денес во организација на природно математички-општествено техничкиот актив се одржа ,,Квиз на знаење” Прашањата во квизот од областа на природните и општествено – техничките науки ги одговараа ученици од 6 до 9 одд. преку апликацијата Kahoot. Браво и честитки за сите ученици Одговорни наставници: Анита Коцевска и Александра Здравкова.

Talent Show по повод патрониот празник

Како дел од патроните активности денес се одржа Talent Show – активност која имаше за цел да ја поттикне уникатноста кај нашите ученици и шанса да ги покажат своите вештини. На ова Talent Show земаа учество ученици од 3 до 9 одделение, а своите уникатни способности ги преточија во игра, пеење, цртање, рецитали и глума. … Read more

Spelling Bee по повод патрониот празник на училиштето

Како дел од патроните активности денес се одржа Spelling Bee натпревар во спелување на англиски зборови. Во овој натпревар земаа учество ученици од 5 до 9 одделение (our best spellers) покажувајќи одличен успех. Целта на овој натпревар беше да се поттикнат љубопитноста, самодовербата и љубовта кон англискиот јазик кај нашите ученици, да се стекнат со … Read more

Ликовна работилница по повод патронатот на училиштето

Како дел од Патроните активности денес се одржа ликовна работилница со ученици од VI до IX одд. Учениците твореа на тема: ,, Училиштето низ моите очи“, преку која ја изразија својата креативност, доживувања и љубов кон училиштето. Благодарност до сите ученици за учеството и вложениот труд. Одговорен наставник Сара Бочваров.

ЕКО акција по повод патрониот празник на училиштето

Во рамки на одбележувањето на патронатот на училиштето денес се организираше ЕКО акција за чистење на училишниот двор и неговата околина со ученици од 6 и 7 одд. Акцијата се реализираше со цел подигнување на еколошката свест и поттикнување на одговорност и грижа кон животната средина, како важни вредности во воспитно-образовниот процес. Одговорни наставници: Ана … Read more