Седница на Ученичкиот парламент

Вчера се одржа седница на Ученичкиот парламент присутен беше и ученичкиот правобранител. Седницата беше во знак на 5 октомври ден на учителот. Членовите слушаа предавање, прочитаа порака и мисла за учителот. На крај изработија постер со мисли за учителот. Членовите соработуваа со педагог Даниела Стојанова Зафирова.

Летна школа за детски права

Во склоп на проектот „Децата на прво место“, организиран од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, нашето училиште беше дел од летна школа за детски права и ученичко учество, која се одржа во Охрид од 3 до 5 октомври. Настанот беше исполнет со креативни работилници, дружење и нови знаења. Децата … Read more

Предавање – „Нашиот идентитет, нашата сила“

Денес во нашето училиште се одржа предавање за учениците од осмо и деветто одделение на тема „Нашиот идентитет, нашата сила“. Предавањето го одржа професорката по босански јазик Ајла Мргуда, која на интересен и интерактивен начин им ја доближи на учениците важноста на зачувувањето на сопствениот идентитет и вредностите кои произлегуваат од него. Учениците активно учествуваа, … Read more

Свечена приредба по повод 28 септември Денот на Бошњаците

Вечерва во центарот на Оризари се одржа свечена приредба по повод 28 септември Денот на Бошњаците. Преку рецитации, песни и ора, учениците го покажаа богатството на традицијата и културата на бошњачкиот народ. Им благодариме на сите ученици и наставници кои придонесоа овој ден да се прослави на свечен и достоинствен начин. Исто така, им благодариме … Read more

28. Септември – Ден на Бошњаците

Оваа недела во нашето училиште се одвиваа активности по повод Денот на Бошњаците. Денес ги заокруживме со последната активност – изложба на традиционална бошњачка храна. Родителите со голема посветеност донесоа вкусни специјалитети, а можност да уживаат во богатството на традицијата и културата имаа сите присутни. Благодарност до сите родители и ученици кои придонесоа овој настан … Read more

Обука: ,,Еднакви во правото, заедно во знаењето”

Во периодот од 24-26 септември во Охрид се одржа обука за стручно усовршување на наставниит кадар по босански јазик под името ,,Еднакви во правото, заедно во знаењето” организиран и подржан од Министерство за односи меѓу заедниците и Здружението за афирмација на бошњачката жена Диванхана. Предавачи беа проф. д-р Ален Калајџија и проф. д-р Јасмин Хоџиќ … Read more

Литературно читање во чест на Денот на Бошњаците

Литературно читање во чест на Денот на Бошњаците Во пресрет на 28 Септември – Денот на Бошњаците, во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, Велес се одржа литературно читање, учениците со голема инспирација и креативност настапија со свои авторски творби. Со цитати од истакнати литературни творци тие пренесоа пораки за почит, заедништво и љубов кон … Read more