Предавање за босанскиот јазик
Денес во нашето училиште се одржа предавање за босанскиот јазик за ученици и наставници. Овој важен настан беше можност да се потсетиме на важноста од негувањето на јазикот и културата. Сакаме да им се заблагодариме на предавачите од Универзитетот во Сараево проф. д-р Ален Калајџија и проф. д-р Јасмин Хоџиќ, и на сите што учествуваа … Read more
Конститутивната седница на Ученичкиот парламент
Денес се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент, присутен беше и ученичкиот правобранител. На седницата беше презентирана програмата за работа на Ученичкиот парламент за учебната 2025/2026 година. На седницата беше избран Претседател на Ученичкиот парламент а тоа е ученичката Едина Цамовиќ од IX одд. Беше презентирана и презентација од страна на педагогот Даниела Стојанова Зафирова … Read more
Турнир во фудбал
Денес во Велес со VI и VII одделение се одржа турнир. Атмосферата беше одлична полна со спортски дух, другарство и фер-плеј. Учениците се натпреваруваа со многу ентузијазам и покажаа одлични вештини и тимска работа. Турнирот помина во позитивна енергија, а најважно е што сите уживаа и си заминаа со насмевки. Одговорен наставник Анѓела Миладинова.
Спортски активности по повод 28 Септември
Како дел од активностите по повод 28 Септември Денот на Бошњаците, денес се реализираа спортски активности со топки и други реквизити добиени преку проектот ,,Децата на 1 место” од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија им благодариме. Одговорен наставник Анѓела Миладинова.
Ликовна работилница по повод 28 Септември
По повод престојниот празник 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, денес се одржа ликовна работилница со ученици од 6 до 9 одд. Истата беше изведена со приборот, боите и штафелаите добиени од проектот ,,Децата на прво место” од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, уште еднаш им благодариме. Одговорен … Read more
22 септември – Светскиот ден без автомобили
Учениците од нашето училиште активно се вклучија во одбележувањето на 22 септември – Светскиот ден без автомобили. Со возење велосипеди ја истакнаа важноста на здравите навики и зачувувањето на животната средина. Одговорен наставник: Есма Калач.
“Бавна трка”
По повод Европската недела на мобилност а по иницијатива на Вело училишта денес се реализира уште една едукативна и забавна активност со наслов “Бавна трка” со цел подобрување на вештините за контрола и рамнотежа при возење велосипед. За време на трката учениците треба да ја поминат патеката што е можно побавно и за време на … Read more
Национален ден на чистењето
По повод Националниот ден на чистењето кој се одбележува секоја година во третата седмица од септември Еко одборот на нашето училиште спроведе акција за чистење на училиштето и училишниот двор.Целта на акцијата е чиста животна средина и зачувување на нашата планета.
„Кој сака да биде велосипедист?“
Ајде да возиме велосипед безбедно, забавно и здраво! Возењето велосипед не е само забава тоа е здрава навика што го зајакнува телото и не учи на важни правила во сообраќајот. Со активноста „Кој сака да биде велосипедист?“, нашите ученици преку интерактивна игра ќе научат: Запознавање со велосипедот, учиме правила за безбедно возење, зошто е добро … Read more