075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

Ликовна работилница по повод празникот Рамазан Бајрам

Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, со учениците од 9-то одделение се реализира ликовна работилница.

Изработија ликовни творби инспирирани од симболиката на Бајрам, користејќи темперна техника на гипсен модел. Преку боја, форма и орнаментика тие ја изразија празничната атмосфера.

Работилницата се реализираше под менторство на наставничката Сара Бочваров.

Leave a Comment