075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

Свеченост по повод Рамазан Бајрам

Во нашето училиште се одржа свеченост по повод Рамазан Бајрам. Во убава и радосна атмосфера, на сите ученици од 1 до 9 одделение им беа поделени бајрамски пакетчиња, што дополнително го разубави овој посебен ден.

На присутните им се обрати и директорката на училиштето Амра Хоџиќ, која се заблагодари за донацијата и поклоните и на сите им го честита празникот Бајрам.

Им се заблагодаруваме на здружението „Глас Оризара“ за нивната голема поддршка и донација, со која ги израдуваа нашите ученици и придонесоа за заедничката бајрамска радост.

Бајрам Шериф Мубарек Олсун!

Leave a Comment