Хуманитарна акција – „Капка добрина – море милост“
По повод месецот Рамазан, во нашето училиште беше реализирана хуманитарната акција „Капка добрина – море милост“, со цел собирање парични средства за помош на социјално загрозени семејства.
Собраните средства ги предадовме на здружението Glas Orizara , кое ќе ни помогне тие да бидат распределени таму каде што се најпотребни.
Им благодариме на сите ученици, родители и вработени кои учествуваа и придонесоа оваа акција да биде успешна. Оваа иницијатива уште еднаш покажа дека кога се обединети добрата волја, солидарноста и хуманоста – можеме да направиме многу добро за нашата заедница.
Со надеж дека духот на добрината и споделувањето ќе продолжи да живее меѓу нас, на сите ви посакуваме мир, здравје и радост.
Ви благодариме на сите што дадовте свој придонес.
