075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

Натпревар по англиски јазик

На ден 14.03.2026 во просториите на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се одржа Општинскиот натпревар по англиски јазик, каде нашите млади англисти Асија Реч, Семир Кицара и Динел Маслак достоинствено го претставија нашето училиште.

Ученикот Динел Маслак од VIII одделение постигна забележителен успех освојувајќи III награда. Со овој одличен резултат, Динел се квалификуваше и продолжува понатаму на Регионалниот натпревар. Му посакуваме многу среќа и успех во следниот предизвик!

Учениците Асија Реч од V одделение и Семир Кицара од VII одделение за своето учество и покажаното знаење освоија Пофалници. Нивниот труд и желба за напредок се инспирација за сите соученици.

Честитки до учениците и нивните ментори! Продолжете да нижете успеси и да го „освојувате“ светот со вашето знаење!

Одговорни наставници: Елена Трајкова и Маја Гемишова Таневска

Leave a Comment