075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

„Денови на математиката“

По повод Меѓународниот ден на математиката и одбележувањето на Денот на бројот Пи (14 март), во просториите на ООУ „Блаже Конески“ – Велес се одржа завршниот настан „Денови на математиката“, во организација на Сојузот на математичари на град Велес. На настанот учество зедоа ученици од сите основни и средни училишта, кои преку внимателно изработени трудови, инспирирани од бројот Пи, ја изразија својата креативност, знаење и истражувачки дух.

Во рамките на настанот беше реализирана и работилницата „Математика во круг – Приказна за Пи“, во која учество земаа учениците од нашето училиште заедно со учениците домаќини. Преку интерактивни активности и креативни предизвици, учениците покажаа дека математиката не е само наука, туку и уметност, логика и инспирација, применлива во секојдневниот живот.

Одговорен наставник Александра Здравкова.

Leave a Comment