Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да не посетите или контактирате директно преку веб страната.
Вовед:
Годишниот извештај за работа на ООУ„ Рајко Жинзифов“-Оризари-Велес – е изработен согласно Законот за основно образование, Статутот на училиштето, како и Годишната програма за работа на училиштето во учебната 2016/2017 година.
Целта и задачите на годишниот извештај е да се проследат материјално-техничките услови за работа во училиштето, организацијата и начинот на остварување на воспитно-образовната работа во училиштето, формите на наставна и воннаставна активност, грижата за здравјето на учениците, соработката со локалната средина, следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно-образовната работа во училиштето и успехот на учениците.
Севкупната организациона подготвеност и припременост на училишните објекти беа завршени до почетокот на новата учебна година. Извршени беа сите хигиено – технички подготовки на објектите.
Годишните перспективни и тематските процесни планирања наставниците ги изработија и предадоа навреме а, дневните подготовки ги изготвуваат редовно и според дадените упатства на БРО.
Добиени се бесплатните учебниците од МОН за оваа учебна година и во својот континуитет се реализираат подрачјата предвидени по Годишната програма за работа на училиштето по видови на дејности и програмски прилози
Лична карта на училиштето
Училиштето започнува со работа непосредно по ослободувањето, односно од 1945/46 година, како неполно основно училиште од I–IV одделение и го добива името на првоборецот Благој Кирков роден во Велес. Со понатамошниот развој училиштето прераснува во петолетка, па во шестолетка и така опстојува се до 1972 година.
Истата година општинското собрание донесува Одлука училиштето да прерасне во осмолетка ПОУ ,,Рајко Жинзифов,, за подоцна да го добие денешното име ООУ ,,Рајко Жинзифов,,
Воспитно-образовната дејност при ООУ,,Рајко Жинзифов“ Оризари-Велес е организирана за учениците од I– IX одделение. Наставно-воспитната работа се организира во два училишни објекта и тоа во населбите во Превалец и Горно Оризари. Наставата од I–V одделение во населбата Превалец се изведува на македонски наставен јазик, а во Горно Оризари на босански наставен јазик од I–V одделение. Од второто полугодие на учебната 2015/2016 година воспитно-образовната дејност се реализира само во училишниот објект во Горно Оризари поради одвојувањето на училишниот објект од населба Превалец и негово приклучување кон ООУ„Васил Главинов“ Велес.
Општи податоци за училиштето
Име на училиштето | ООУ„Рајко Жинзифов“ |
адреса, општина, место | Горно Оризари |
телефон | 043- 233-074 |
фах | 043-233-074 |
е-маил | rajkozinzifovveles@yahoo.com |
основано од | Општина Велес |
Верификација- број на актот | 10-1408/3 |
Година на верификација | 17.05.1995 год. |
Јазик на кој се изведува наставата | Босански, босанско -македонски јазик |
Година на изградба | 2008год. |
Тип на градба | Тврда градба |
Површена на објектот | 1410 m2 |
Површина на училшниот двор | 349 m2 |
Површина на спортски терени и игралишта | 1343м2 |
Училиштето работи во смена | Една смена |
Начин на загревање на училиштето | Сопствено парно греење |
Број на одделенија | 9 одделенија |
Број на паралелки | 10 |
Број на смени | Една смена |
Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво) | Трето зелено знаме |
Датум на добиен статус | Април 2014год. |
Просторно и материјално технички услови за работа на училиштето
По прашањето на организационата подготвеност и припременост на училишните објекти за почетокот на новата учебна година, извршени се сите хигиено-технички подготовки.
Сите простории се исчистени, извршена е дератизација, дезинфекција и дезинсекција во објектот.
Техничка опрема на училиштето
Материјално технички услови
|
Во однос на материално- техичката опрема на почетокот на учебната година од страна на администраторот и тимот за следење на материјално техничките услови на училиштето е направена проверка на 90 компјутери, 2 ЛЦД-проектори, 2 фотокопира, 4 телевизири, 5 печатари, и констатирано е дека може функционално да се користат за употреба и реализација на ИКТ во наставата. Исто така е направена проверка на 90 лап-топа наменети за употреба во одделенска настава, но констатирано е дека не се многу функционални затоа што се ослабени нивните батерии.
|
Структура на училиштето
Членови на училиштен одбор (име и презиме)
|
Кирил Унев, Снежана Бошевска, Македонка Арсовска, Невенка Ѓошева, Хасан Кицара, Митхад Мемиќ, Елзин Лековиќ, Амела Ајдиновиќ, , Алмина Беговиќ
|
Членови на совет на родители (име и презиме)
|
Хасан Кицара, Еско Цуцак, Елведин Лековиќ, Харун Бајровиќ, Селвер Чолаковиќ Амела Ајдиновиќ, Зекрија Ибрахимовиќ Савка Каришиќ Емина Каришиќ Ешреф Мушиќ |
Стручни активи (видови) |
Стручен актив на Одделенска настава, Јазична насока, Природно-општествено-математичко-техничка насока, Уметничка насока
|
Членови на ученичка заедница (број на ученици) |
10 |
Членови на еко-одбор (број) |
10
|
Наставен кадар
Одд. | вкупно | Етничка и полова структура на вработените | |||||||||
Македонци | Албанци | Турци | Роми | Бошњаци | |||||||
м | ж | м | ж | м | ж | м | ж | м | ж | ||
Број на вработени | 30 | 4 | 16 | / | / | / | / | / | / | 6 | 4 |
Број на наставен кадар | 22 | 3 | 15 | / | / | / | / | / | / | 2 | 2 |
Број на стручни соработници | 2 | 1 | 1 | / | / | / | / | / | / | / | / |
Административни работници | 1 | / | / | / | / | / | / | / | / | / | 1 |
Техничка служба | 4 | / | / | / | / | / | / | / | / | 3 | 1 |
Директор | 1 | / | / | / | / | / | / | / | / | 1 | / |
2.3.1Степен на образование на вработени
Образование | Број на вработени |
Високо образование | 19 |
Виша стручна спрема | 7 |
Средно образование | 1 |
Основно образование | 3 |
Старосна структура на вработени
Години | Број на вработени |
20-30 | 3 |
31-40 | 12 |
41-50 | 2 |
51-60 | 10 |
61 – пензија | 3 |
Ученици
Одд. | Бр. на паралелки | Бр. на ученици | Етничка и родова структура на учениците | |||||||||
Македонци | Албанци | Бошњаци | Роми | други | ||||||||
м | ж | м | ж | м | ж | м | ж | м | ж | |||
I | 1 | 17 | / | / | / | / | 7 | 10 | / | / | / | / |
II | 1 | 19 | / | / | / | / | 8 | 11 | / | / | / | / |
III | 1 | 23 | / | / | / | / | 11 | 12 | / | / | / | / |
IV | 1 | 23 | / | / | / | / | 13 | 10 | / | / | / | / |
V | 1 | 19 | / | / | / | / | 11 | 8 | / | / | / | / |
I – V | 5 | 101 | / | / | / | / | 50 | 51 | / | / | / | / |
VI | 1 | 12 | / | / | / | / | 5 | 7 | / | / | / | / |
VII | 1 | 21 | / | / | / | / | 7 | 14 | / | / | / | / |
VIII | 1 | 21 | / | / | / | / | 13 | 8 | / | / | / | / |
IX | 2 | 28 | 1 | / | / | / | 14 | 13 | / | / | / | / |
VI-IX | 5 | 82 | 1 | / | / | / | 39 | 42 | / | / | / | / |
I – IX | 10 | 183 | 1 | / | / | / | 89 | 93 | / | / | / | / |
– Наставен јазик
Наставен јазик- македонски | Наставен јазик- албански | Наставен јазик- турски | Наставен јазик- босански | |
Број на паралелки | / | / | / | 10 |
Број на ученици | / | / | / | 183 |
Број на наставници | / | / | / | 22 |