Како дел од патроните активности денес се одржа Talent Show – активност која имаше за цел да ја поттикне уникатноста кај нашите ученици и шанса да ги покажат своите вештини. На ова Talent Show земаа учество ученици од 3 до 9 одделение, а своите уникатни способности ги преточија во игра, пеење, цртање, рецитали и глума. Сите ученици беа одлични, а првото место го освоија ученичките од 6 одделение – Мелек Јаховиќ, Елмина Тириќ и Дерија Шатара. Честитки до сите учесници!
Одговорни наставници: Валерија Шојлевска, Весна Јанковска и педагог Даниела Стојанова Зафирова.











