Денес (17.03.2026 година) во нашето училиште имавме особено убав и значаен настан – работилница за ликовно изразување со учениците од 1 до 5 одд, по повод испраќањето на месецот Рамазан и дочекот на Рамазан Бајрам. Нашите најмали ученици преку бои, цртежи и нивната искрена детска имагинација покажаа како тие го доживуваат Рамазан и Рамазан Бајрам. Нивните трудови беа исполнети со топлина, радост и симболи кои нѐ потсетуваат на вредностите на овој посебен период – заедништво, љубов, добрина и благодарност.
Преку оваа работилница, децата, покрај развивањето на својата креативност, учеа и за важноста на зачувувањето на традицијата и меѓусебното почитување. Нивните насмевки и труд покажаа колку искрено ја доживеале убавината на Рамазан и радоста од Бајрам.
Нека овие детски трудови нѐ потсетат на вистинските вредности кои треба да ги негуваме секој ден, а особено во овие благословени моменти.
Бајрам Шериф Мубарек Олсун!
Одговорни наставници: Зилха Биберовиќ и Весна Јанковска.







