По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари учениците од 2,3,4 и 5 одд. и учениците во престој со нивните наставнички Весна Сиљанова, Сања Јорданова – Николова, Весна Јанковска, Ана Јанушева и Фарие Мемедова реализираа повеќе активности: -2 одд.- ликовна работилница;
-3 одд.- читање босански бајки и басни со специфични босански стари изрази, учениците влечеа ливче совеќе приготвени босански изреки на кои го откриваа нивното значење и потоа ги истакнаа босанските изреки на табла;
-4 одд. – проследија презентација;
-5 одд.- изработија хамер со наслов ,,Ѕид на убави зборови од мојот мајчин јазик”;
– учениците од престој изработија работни листови во кои употребија зборови на различни јазици. Јазикот како идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите.







