Како дел од патроните активности денес се одржа Spelling Bee натпревар во спелување на англиски зборови. Во овој натпревар земаа учество ученици од 5 до 9 одделение (our best spellers) покажувајќи одличен успех. Целта на овој натпревар беше да се поттикнат љубопитноста, самодовербата и љубовта кон англискиот јазик кај нашите ученици, да се стекнат со нови знаења и да им пружиме уште една интересна дружба на нашите англофони. Сите учесници добија сертификати за учество во натпреварот, а само еден најдобриот се здоби со титулата Spelling Bee Champion. Делила Цамовиќ, ученичка од 8 одд. ја освои првата награда и е официјално нашиот Spelling Bee Champion оваа година.
Честитки
Одговорни наставници: Маја Гемишова Таневска и Елена Трајкова.














