Во рамки на одбележувањето на патронатот на училиштето денес се организираше ЕКО акција за чистење на училишниот двор и неговата околина со ученици од 6 и 7 одд. Акцијата се реализираше со цел подигнување на еколошката свест и поттикнување на одговорност и грижа кон животната средина, како важни вредности во воспитно-образовниот процес.![]()
Одговорни наставници: Ана Јанушева, Зилха Биверовиќ, Сања Јорданова-Николова и Тоше Лучков.




