Со голема чест и искрено задоволство присуствувавме на литературно-историскиот час на тема „Љубовта и човечноста – светилки во темнината“, реализиран како дел од активностите на ООУ „Блаже Конески“ по повод нивниот патронен празник.
Нашето училиште го претставија учениците Амин Мустајбашиќ и Најла Карталовиќ од VIII одделение, кои со своите искрени пораки се запишаа во дневникот на настанот, одговарајќи на прашањето: Каква порака би оставиле доколку од нив зависи мирот во светот?
Одговорни наставници: Анета Ѓоргоска и Македонка Арсовска.



