Денес учениците од 9одд. реализираа едукативна и слатка посета на фабриката Vincinni Chocoland – Фабричка продавница во Виница. Посетата започна со еко активност рециклирање на пластични шишиња и лименки. Потоа проследија краток филм за историјатот на фабриката, какаото и чоколадото.
Во креативниот дел уживаа декорирајќи мафини и грисини, а на крај се засладија со вкусните производи на „Винчини“.
Посетата беше исполнета со учење, дружење и многу насмевки!
Благодарност до фабриката Винчини и прекрасниот водич Николина.
Одговорни наставници: Есма Калач и Анита Мечкаровска.



