Денес реализиравме уште една активност од Вело Училишта – „Повеќенасочник со имиња на велосипедска облека“
Учениците од мешани одделенија учествуваа во забавна и едукативна вело активност – „Повеќенасочник со имиња на велосипедска облека“. Поделени во групи, тие во рок од 10 минути бараа што повеќе поими поврзани со велосипедската опрема. Активноста поттикна тимска работа, внимание и љубов кон велосипедизмот. Одговорен наставник: Есма Калач.



