075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

ВЕЛО активноста „Велосипед“

октомври 27, 2025

Учениците од прво одделение ја реализираа ВЕЛО активноста „Велосипед“ преку уметничко изразување – сликање велосипед. Со многу бои и имагинација, секој велосипед стана посебен. Нашите мали првачиња уживаа боејќи ги своите велосипеди на хартија. Преку ликовната активност, учениците ја развија својата имагинација, креативност и прецизност во својата работа. Низ разговор, тие научија дека возењето велосипед е здраво, забавно и добро за природата. Со многу бои и насмевки, секое дете создаде свој среќен велосипед и посака еден ден да го вози! 🚴‍♂️🚴‍♀️🌏

Одговорен: наставник Зилха Биберовиќ.

Leave a Comment