Детска недела, заклетва на првачињата и прием во детската организација.
Оваа недела во нашето училиште ја одбележуваме Детската недела – време посветено на радоста, играта и детските права.
Нашите првачиња свечено ја положија заклетвата и беа примени во детската организација, станувајќи рамноправни членови на училишната заедница.
Нивните насмевки и горди погледи нè потсетија колку е важно да се негува детската искреност, радост и пријателство.







