По повод 28 Септември – Денот на Бошњаците, упатуваме искрени честитки до сите Бошњаци, со желба со гордост да ги чуваме нашиот јазик, култура, традиција и богатото историско наследство.

Овој ден е можност да ги славиме нашите корени, да го негуваме заедништвото и да ги пренесуваме вредностите на нашиот идентитет на идните генерации.
Особено ни претставува задоволство што вечерва нашите ученици ќе го претставуваат нашето училиште на централната манифестација по повод Денот на Бошњаците во Горно Оризари, Велес. Горди сме на нашите ученици и им посакуваме многу успех и убави моменти на вечерашниот настап!
Ги покануваме сите кои се во можност да ни се придружат и со своето присуство да ја збогатат оваа свеченост.
Среќен Ден на Бошњаците! ![]()
![]()