Со цел создавање побезбедна, поубава и посовремена училишна средина, во нашето училиште се реализирани значајни активности насочени кон унапредување на училишната инфраструктура.
– Извршена е целосна замена на сите врати – како на училниците, така и на сите влезови во училиштето.
– Училниците од I до V одделение добија освежени ѕидови, со темелна санација на сите постојни оштетувања.
– Во сите училници е поставено современо озвучување, што придонесува за поквалитетна реализација на наставата.
– Поради временските услови во зимскиот период, една училница привремено е наменета за реализација на наставата по физичко и здравствено образование и функционира како мала спортска сала.
– Изградена е соблекувална за потребите на учениците, а неискористениот простор под скалите е затворен и уреден како функционален простор за остава.
Континуирано продолжуваме со вложувања со цел да обезбедиме безбедна, функционална и мотивирачка средина за сите ученици и вработени.








