Вечерва, преку свечената приредба посветена на темата печалбарство, оживеавме дел од нашата историја и традиција.
Преку песна, игра, рецитации и драмски изведби, учениците ни ја доближија приказната за разделбите, тагата, но и надежта и љубовта што ги одржале семејствата низ годините.
Печалбарството не е само заминување во туѓина – тоа е симбол на жртва, истрајност и борба за подобра иднина.
Голема благодарност до сите ученици и наставници кои со труд, посветеност и искрени емоции ја направија оваа вечер достоинствена и незаборавна.
Горди сме на вас!













