ООУ „Рајко Жинзифов“ – Г. Оризари, Велес активно се вклучува во промоцијата на еколошката свест и одговорното однесување кон животната средина. Во рамки на оваа иницијатива, Општина Велес обезбеди контејнер за собирање текстилен отпад, кој е поставен во училиштето.
