Денес учениците од 5 до 9одд. реализираа три интересни ВЕЛО активности од Вело Училишта, со своите велосипеди на спортскиот терен. Во првата активност: „Подигнување на шише“ вежбаа рамнотежа и прецизност.
Во втората „Разнесувач на весници“ комбинираа возење со брзина и точност при доставување.
Третата активност „Избегнување на препреки“ ги поттикна на внимателност и координација при движење меѓу поставени пречки. Активностите беа забавни, едукативни и поттикнаа спортски дух кај учениците.







