Во рамките на низата активности по повод 28.Септември – Денот на Бошњаците, денес реализиравме прекрасна средба со родители на нашите ученици од 5 одд, кои доброволно и со многу љубов се вклучија во претставувањето на бошњачката традиција и култура.
Родителите подготвија постер за празникот Бајрам, презентација за традицијата, како и богата дегустација на традиционални бошњачки специјалитети – гурабии, урмашици и мантии.
Благодарност до сите родители за нивниот труд, посветеност и несебичната соработка. Со ваквите средби ја негуваме традицијата, ги зближуваме учениците и создаваме убави заеднички спомени.








