![]()
Добредојде, нова учебна година! ![]()
![]()
Со многу насмевки, радост и возбуда го започнавме новото патување низ знаењето. ![]()
![]()
Посебно и топло добредојде им посакавме на нашите првачиња, за кои денешниот ден беше исполнет со радост и убави изненадувања. По повод нивниот прв училишен ден, поголемите другарчиња им приредија кратка и прекрасна приредба, а со пригодни зборови им се обратија Директорката на училиштето Амра Хоџиќ и нивната наставничка Ана Јанушева.
На првачињата им беа поделени скромни подароци од училииштето, а благодарение на Здружението „Глас Оризара“, за сите наши ученици беше обезбедено освежување.
Нека оваа учебна година биде исполнета со знаење, другарство, успех и многу убави спомени!
Среќен почеток на сите ученици! ![]()
![]()








