075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

Летна школа за детски права

октомври 6, 2025

Во склоп на проектот „Децата на прво место“, организиран од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, нашето училиште беше дел од летна школа за детски права и ученичко учество, која се одржа во Охрид од 3 до 5 октомври.

Настанот беше исполнет со креативни работилници, дружење и нови знаења. Децата имаа можност да научат многу за своите права, за важноста на ученичкото учество и за тоа како преку соработка и почит можат да придонесат за подобро училиште. Искуството беше незаборавно и полно со позитивна енергија.

Leave a Comment