075/233-074

ou-rajkozhinzifov-dolnoorizari-veles@schools.mk

Куќен ред

Куќниот ред на учениците ги утврдува правилата за ред, дисциплина и однесување во училиштето, со цел обезбедување безбедна, уредна и поттикнувачка средина за учење и работа.

Почитувањето на куќниот ред е обврска на сите ученици и придонесува за меѓусебна почит, одговорност и соработка меѓу учениците, наставниците и другите вработени во училиштето.

Непочитувањето на куќниот ред повлекува соодветни воспитно-дисциплински мерки, во согласност со законските прописи и интерните акти на училиштето.