Успешно учество на завршниот настан од проектот „Децата на 1-во место!“
Денес, 25 ноември 2025 година, наши претставници од ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари учествуваа на завршниот настан од проектот „Децата на 1-во место!“, кој се одржа во ИНОКС Иновативен центар – Скопје.
Настанот беше организиран од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, со поддршка од Европската Унија, по повод Светскиот ден на детето и 32 години од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето во нашата држава
Во рамки на проектот, во последните три години училиштата ширум земјата – меѓу кои и нашето – активно работеа на јакнење на ученичкото учество, заштита на детските права и подобрување на училишната клима. Нашите ученици и наставници учествуваа во обуки, работилници и активности што придонесоа за поактивен и послушнат ученички глас.
Горди сме на постигнатите резултати и на можноста да бидеме дел од иницијативата што ги става дeцата на прво место.






