Драги ученици, почитувани родители и наставници,
Со голема радост и задоволство ве поздравуваме по повод почетокот на новата учебна 2026/2027 година!
На 1 септември повторно се отвораат вратите на нашето училиште, подготвени да ги пречекаат учениците во ново поглавје исполнето со знаење, учење, дружење, нови искуства и заеднички успеси.
Посебно се радуваме што ќе ги пречекаме нашите најмали ученици – првачињата, кои за првпат ќе зачекорат во училишните клупи и ќе го започнат своето долго и интересно патување во светот на знаењето. Свечениот прием на нашите првачиња ќе се одржи во 9:00 часот, а наставата започнува во 8:00 часот.
Посебна благодарност изразуваме до Општина Велес и градоначалникот за иницијативата преку која сите наши ученици ќе добијат бесплатни училишни униформи. Ова претставува значајна поддршка за учениците и нивните семејства и придонесува за чувство на еднаквост, припадност и заедништво во училиштето.
Веруваме дека новата учебна година ќе донесе многу убави моменти, нови пријателства, интересни предизвици и можности за секој ученик да ги покаже своите способности и таленти. Нашето училиште и понатаму ќе биде место каде што ќе учиме, ќе се дружиме, ќе се поддржуваме и заедно ќе растеме.
На сите ученици им посакуваме успешна и среќна учебна година, исполнета со радост, знаење, убави спомени и одлични резултати.
Драги ученици, со нетрпение ве очекуваме!
Нека ни е среќен и успешен почетокот!
