Благодарница за успешната и континуирана соработка на ООУ „Рајко Жинзифов“ – Г.Оризари, Велес со Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес е уште една за нас многу значајна потврда за заедничката заложба во поттикнувањето на љубовта кон книгата, знаењето и културата кај учениците. Благодарни сме за поддршката и соработката и со радост продолжуваме по истиот пат.
