Во рамките на одбележувањето на Денот на Бошњаците, учествувавме на прекрасна манифестација исполнета со песна, игра, рецитации, драмски изведби и заедништво.
Особено сме горди на нашите ученици, кои преку своите настапи – хор, драмска изведба, рецитации и традиционални ора – го покажаа својот талент, труд и љубов кон културата и традицијата.
Голема благодарност упатуваме до Здружението „Глас Оризара“ за организацијата и можноста заеднички да го одбележиме овој значаен ден.
Благодарност до нашите ученици, наставници, родители и до сите кои со своето присуство и поддршка ја направија оваа вечер посебна.
Среќен Ден на Бошњаците!






