Rajko

Literaturno čitanje za 28. septembar – Dan Bošnjaka

Oktobar 1, 2026

📚 ️Денес во нашето училиште се одржа литературно читање во рамките на активностите посветени на 28 Септември – Денот на Бошњаците.

✨️Нашите ученици преку презентации, избрани цитати и литературни осврти го претставија животот и творештвото на босанскиот поет Мехмедалија Мак Диздар, еден од најзначајните автори на босанската книжевност. Посебно внимание беше посветено на неговата поезија, која ги поврзува историјата, човекот, јазикот и културното наследство.

Во продолжение учениците направија осврт и на „Хасанагиница“, една од најпознатите балади на усната книжевна традиција, во која низ потресна приказна за љубовта, честa и семејството се отсликуваат вредностите и духот на едно време.🌿

Одговорен наставник- Анета Ѓоргоска.

Leave a Comment

bs_BABS