По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, со учениците од 1,2 и 3 одделение се одржа едукативна и креативна работилница на тема „Традиционална носија и храна на Бошњаците“.
Преку разговор, фотографии и интересни содржини, учениците имаа можност да се запознаат со богатството на бошњачкото културно наследство, традиционалните носии, обичаите и традиционалните јадења на Бошњаците. Целта на активноста беше да се развие љубовта на учениците кон културното наследство, да се негуваат традициите и обичаите, како и да се научат децата да ја почитуваат и ценат културната разновидност. Одговорни наставници: Зилха Биберовиќ и Фарие Мемедова.

