
Амра Хоџиќ
Директор на ООУ „Рајко Жинзифов“ – Г. Оризари, Велес
Амра Хоџиќ е директорка на ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, Велес. По професија е дипломиран професор по англиски јазик и дипломиран преведувач од англиски на македонски јазик и обратно.
Своето професионално искуство го стекнува низ долгогодишна работа во воспитно-образовниот процес.
Како директорка, своето работење го насочува кон унапредување на квалитетот на воспитно-образовната работа и создавање позитивна, безбедна и поттикнувачка средина за сите ученици.
Во својата работа особено внимание посветува на развојот на учениците, поддршката на наставниците и создавањето услови за современа и квалитетна настава. Се залага за отворена комуникација, тимска работа и почитување на различностите, како и за активно вклучување на учениците, родителите и локалната заедница во животот на училиштето.
Нејзината определба е училиштето да биде место каде што секој ученик ќе се чувствува прифатено, безбедно и мотивирано да учи, да создава и да го развива својот потенцијал.