15. Октомври – Ден на пешачењето

октомври 15, 2026

Чекор по чекор, правиме промена!

Денес во нашето училиште го одбележавме Меѓународниот ден на пешаците, ден чија цел е да се поттикне свеста за пешачењето како здрава навика која треба сите да ја практикуваме почесто и да се апелира за безбедно движење во сообраќајот. Учениците од 6-то одделение заедно со еко-координаторот Маја Гемишова Таневска, ги посетуваа наставниците на часевите и читаа пораки со цел да укажат на придобивките од секојдневното пешачење и да апелираат за внимателно движење и почитување на сообраќајните правила.

На училиште пеш – за поздраво тело и позелена планета!

mk_MKMK