Под мотото “Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка”,ја завршуваме Детската недела со свечен чин и прием на првачињата во Детската организација.Со тоа тие стануваат дел од едно големо семејство,исполнето со другарство,љубов,почит и разбирање.На сите деца им посакуваме да растат во среќни,добри и вредни ученици,да ги слушаат своите наставници и секој ден да им биде исполнет со насмевки и радост.































