По повод Меѓународниот ден за намалување на уништувањето на природата 8 октомври, ученичките од 9-то одделение со координаторот на еко проектот Маја Гемишова Таневска реализираа едукативна работилница.
Во текот на работилницата се водеше дискусија за начините на кои може да се подигне свеста за зачувување на животната средина и намалување на штетните влијанија врз природата, а сето тоа се заокружи со изработка на хамер со совети за заштита на животната средина.
Хамерот ќе биде поставен во холот на училиштето и ќе има цел да ги поттикне младите да бидат поодговорни во борбата за заштита на животната средина.

