Едукација за безбедност во сообраќајот

октомври 27, 2026

Во нашето училиште се одржа едукативна обука за безбедност во сообраќајот за учениците од I до IV одделение, реализирана во соработка со СВР Велес.

Преку интересни и едукативни активности, учениците имаа можност да научат повеќе за сообраќајните правила, сообраќајните знаци и важноста на внимателното и безбедно учество во сообраќајот.

Како подарок, учениците добија боенки и забавни едукативни игри, преку кои ќе можат да го надградуваат своето знаење на креативен и интересен начин.

Упатуваме благодарност до СВР Велес за соработката и грижата за безбедноста на нашите најмлади учесници во сообраќајот.

Заедно учиме, заедно се грижиме – безбедноста на децата е наша заедничка одговорност

mk_MKMK